Осми април неработен ден

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ  („Службен весник  на  РМ„ бр.21/98 и 18/07),  8 април 2015 година (среда), ќе биде неработен ден.

Во среда се одбележува Меѓународниот ден на Ромите и денот е неработен за припадниците на ромската заедница во Република Македонија.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на припадниците на ромската заедница во Република Македонија им го честита Меѓународниот ден на Ромите. 

 

 

Оцени ја веста

02.04.2015 - 11:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега