Јанкуловска на министерска конференција во Варшава

 

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска и утре во Варшава, Полска, ќе учествува на министерската конференција на земјите членки на Салцбург Форумот. 

Министрите за внатрешни работи на Чешка, Словачка, Унгарија, Хрватска, Словенија, Австрија, Полска, Македонија, Романија, Бугарија, Србија, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Молдавија ќе дискутираат за новите технологии како инструменти во поефикасното менаџирање на граничната безбезбедност во контекст на новите предизвици.

Ќе се дискутира и за нелегалната трговијата со оружје, зајакнувањето на регионалната соработка во областа на трговијата со супстанци за производство на дрога, цивилната заштита и системи за спасување, а ќе бидат презентирани и насоки и приоритетит на Салцбург Форумот за време на романското претседателствување со истиот.

 

 

најчитано сега