ВМРО-ДПМНЕ Струга: Да ги разобличиме лагите на СДСМ
Претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ, Перо Петковски реагира за вчерашните обвинувања од СДСМ од Струга за зградата на поранешната Радничка школа.
Неговата реакција ја пренесуваме во целост:
Кому и за што служат изјавите како онаа на Општинската организација на СДСМ од Струга потпишана од нејзиниот претседател Даме Ложанкоски? Зошто имал потреба да лаже и тенденциозно да ја дезинформира јавноста? Што сака да постигне со тоа и кој има корист од таквите лаги?
Остро реагираме во врска со вчерашната изјава на СДСМ во која се дезинформира јавноста и се обвинува за некаков пазар со градоначалникот. Еве го одговорот кој го бара претседателот на општинската оганизација на СДСМ од Струга, но не веруваме дека ќе му се допадне. Зашто решението подразбира институционално постапување и правни мерки.
Најпрво да ги разобличиме сите лаги и подметнувања што Ложанкоски од името на СДСМ ги пласираше во своето соопштение. Лага е дека советниците на ВМРО-ДПМНЕ гласале за Одлуката за легализација и за бесправно впишување на зградите на Основното училиште „Браќа Миладиновци“, зградата на Министерството за образование- подрачна единица Струга во која се сместени просветниот и инспекторатот за труд, како и Бирото за развој на образованието, и да се впише на име на општина Струга. Заборава да спомене дека во расправата на комисијата за урбанизам и на седницата на Советот на општината жестоко реагиравме на тоа и уште тогаш укажавме дека целата постапка е нелегална. Нашето одбивање да се гласа, во никој не значи одобрување, зашто нашите понатамошни постапки во поништување на одлуката многу јасно потврдуваат што и како сме застапувале и што биле нааштите залагања. Одбиваме да учествуваме во сите политикантски игри на градоначалникот Села околу ова прашање, а негласањето е директен одговор дека ние нема да учествуваме во разнебитувањето на правниот поредок на Република Македонија, во раскрчмувањето на државниот имот. Од страна на советничката група, но и од сите засегнати и надлежни институции се преземени мерки за да поништи ова противзаконско решение и сите правни и други последици кои произлегуваат од него.
За пошироката јавност од особена важност е да се појасни дека градоначалникот на Општина Струга низ манипулации со постапката за легализација противправно присвоил имот на Република Македонија и го впишал како имот на општината. Општината немала право да бара легализација на објектите и да настапува во име на инситуции над кои не е надлежна. Во случајот се искористени извесните пропусти во работењето на некои институции и поединци, што му овозможиле противправно да ги присвои објектите. Сето тоа ќе биде испитано од надлежните институции и ќе сносат одговорност за своите постапки. За причините зошто градоначалникот го направил тоа одговорот ќе си го даде самиот и бесмислено е прашањето за тоа претседателот на општинската организација на СДСМ нам да ни го поставува.
И советниците на СДСМ и сите други душегрижници треба да сфатат дека таквото самоволие на градоначалникот и советниците кои го поддржале нема да помине, и дека институциите ќе реагираат согласно Уставот и законите и ќе биде поништено решението за легализација. Да ги потестиме дека Управата за заштита на културното наследство на 17.03.2011 година донесло решение за приврема заштита на споменичната целина Образовен комплекс на ул. „Партизанска“ бр.4 (КП бр.2233/1) во Струга за привремена заштита, а на 18.04.2013 година донела решение за „значајно културно наследство“.
И на крајот, би сакале да му порачаме на СДСМ, место да се служат со вакви лаги и инсинуации за да ја скријат својата безидејност, би било многу покорисно да размислат како треба да настапуваат во иднина во насока на заштита на јавниот, националниот и државниот интерес. Жално е што со вакви ниски подметнувања се служи за да добие малку медиумски простор, како покритие на немањето на коцепт и идеи кои би биле во насока на подобрување на животот на граѓаните на Струга. Барем бидете чесни и престанете да лажете и инсинуирате, зашто тоа им штети на сите граѓани на Струга. Замајувањерто на јавноста нема да ви успее, па ни ситните поени од ваквите постапки нема да ви помогнат да ги добиете симпатиите на граѓаните чии интереси ги распродадовте во 2004 година со фамозниот закон за територијална организација, од кој произлегуваат сите овие ситуации.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа