Сакате благо а немате многу време? - ова е рецептот за вас!

 

Сакате слатки, но едноставно не се снаоѓате во кујна ? Ова е рецептот за вас

Потребно:

– 400 грама бисквити

– Две чаши млеко

– Чаша кисела павлака

– Две чаши слатка павлака

– Кесичка шлаг

–  Пола килограм овошје по желба

– Чаша  шеќер во прав

Во подлабок сад, се меша киселата павлака и шеќерот. Во друг сад промешајте ја слатката павлака.

Бисквитите натопете ги во млеко или пак во какао или кафе со млеко по желба.  Потоа наредете ги во сад, а од горе намачкајте ги со смесата добиена од киселата павлака и шеќерот. Ставете го избраното овошје , а од горе шлаг пената.

Ставете уште еден ред бисквити, а  потоа киселата павлака со шеќерот, овошјето, слатката павлака, а на крај остатокот од шлагот.

Оставете ја во фрижидерот најмалку два до три часа да се стегне.

ИЗВОР:ВИСТИНА

 

 

Оцени ја веста

24.03.2015 - 12:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа