ВМРО-ДПМНЕ: На сите им е јасно што сака СДСМ - кривичните обид за дефокусирање од суштинските прашања
ВМРО-ДПМНЕ во писмената реакција на денешната изјава на заменик претседателката на СДСМ истакнува дека опозицијата поднесува неосновани пријави, надевајќи се дека ќе може да го спаси Зоран Заев од судските постапки против него.
- За Зоран Заев очигледно дека постојат несоборливи докази кои што го потврдуваат неговото однесување, во еден правец за неговиот обид за дестабилизација на државата, рушење на институциите, закани, користење на креирани материјали од странски центри, а во друг правец за негово учевство во криминално-финансиски случаи, се вели во реакцијата.
Денешните кривични пријави и изјавата на заменик-претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска ја оценуваат како обид за пазарење и дефокусирање на јавноста од суштинските прашања.
- Сценариото на СДСМ во соработка со странски центри за дестабилизација на Македонија е прочитана работа. Граѓаните го препознаа нивното деструктивно делување и не им веруваат. На сите им е јасно дека СДСМ се обидуваат со креирани и монтирани материјали да се доберат на власт, без поддршката на граѓаните, се вели во реакцијата, додавајќи дека ВМРО - ДПМНЕ ќе продолжи да работи на отворање работни места, инвестирање во инфарструктурата, подобрување на стандардот на вработените во образованието, здравството, полицијата, војската, администрацијата, и на зголемување на социјалната помош и пензиите....
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа