Кумановчани се степале поради паркинг место
Се работи за 39-годишниот С.Х., 25-годишниот И.М. и 21-годишниот П.М. кои на улицата „Борис Кидрич“ започнале вербална расправија колу паркинг место, во која С.Х. физички го нападнал И.М., удирајќи го со тупаници во пределот на лицето.
По кратко време на местото на настанот пристигнал таткото на П.М. со намера да поразговара со С.Х. за настанатиот инцидент, при што во еден момент И.М. користејќи го невниманието физички го нападнал С.Х., додека П.М. со рака го оштетил неговото возило, а С.Х. изреволтиран сакајќи да побегне од местото на настанот, со возилото удрил во таткото на П.М. нанесувајќи му телесни повреди.