Беличанец-Алексиќ на средба со жителите на Пинтија и Драчево
Работна средба со жителите на населбата Драчево и на урбаната заедница Пинтија оствари вчера градоначалникот Билјана Беличанец-Алексиќ, заедно со Претседателот на Советот Трајче Донев и тим од стручните служби од општина Кисела Вода и јавните претпријатија на Град Скопје. Граѓаните од овој дел на градот, имаа можност да ги презентираат и да побараат решение за проблемите со кои се соочуваат.
Најмногу се разговараше околу решавање на прашања од комуналната инфраструктура, уредувањето на просторот и создавање на услови за хумано живеење, при што граѓаните беа информирани за тековните и планирани градежни активности кои ќе допринесат за надминување на посочените проблеми. Дополнително, градоначалникот Беличанец-Алексиќ ги информираше и за планираните капитални проекти за овој дел од градот- планот за отворање на градинка во Пинтија, која треба да одговори на потребите на родителите со дечиња од претшколска возраст, како и за планот за спроведување на мерки за енергетска ефикасност во градинките “Пеперутка 1” и 2 во населбата Драчево, преку промена на системот за греење.
Посетата на месните и урбаните заедници во општината продолжува и во наредниот период. Во вторник, во 18 часот е закажана посета на УЗ Кисела Вода, а веднаш по неа, во 19 часот, тимот од општина Кисела Вода ќе се сретне со жителите на Расадник.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа