Наместо со пари, скопјани ќе имаат можност да си го платат кафето со поезија
На Светскиот ден на поезијата- 21 Март, скопјани ќе имаат можност во три кафулиња во градот да испијат кафе и наместо со пари да го платат со свој пишан збор.
Ова е единствена и уникатна можност, кога наместо сметка за кафе, скопјани ќе добијат лист хартија и пенкало за да напишат поема, со која ќе си го платат пијалакот. На ваков начин ќе се создаде прекрасна синергија на уживање и креативност. Јулиус Мајнл за Денот на поезијата- 21 Март ги очекува на една од трите локации во Скопје, со подготвено ароматично кафе и празни листови хартија, кои чекаат да бидат украсени со поеми, соопшти организаторот.
Локациите се „Дион“ на Кеј, „Наргиле“ во Скопска чаршија и „Паладиум“ во Капиштец, каде што поетите Елена Пренџова, Ксенија Николова, Билјана Стојановска, Ѓоко Здравевски, Наим Иљази Пари и Даниел Карески на сите присутни ќе им помогнат да ја напишат нивната поема.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа