Лидерот на СДСМ се сретна со новиот бугарски премиер

 

Претседателот на СДСМ Зоран Заев, учествува на дводневниот состанок на Советот на европските социјалисти - ПЕС кој се одржува во Софија, Република Бугарија.

Лидерто на СДСМ Заев се сретнал со новиот бугарски премиер, Пламен Орешански, а на средбата станало збор за билатералните односи меѓу Република Македонија и Република Бугарија. Заев, според партиското соопштение, побарал поддршка од Орешански за Македонија да направи исчекор кон ЕУ, односно да добие датум за почеток на преговори.

Претседателот на Европскиот парламент, Мартин Шулц, на состанокот побарал итни реформи на Европската унија заради граѓаните на цела Европа и пред се заради младите. 

најчитано сега