Сеќавање за прерано загинатите припадници на вооружените сили од конфликтот во Арачиново
На овој ден пред точно 12 години припадници на вооружените сили загинаа во офанзивата во Арачиново со цел да се заземе селото кое на 9 јуни 2001 година беше прогласено за слободна територија од страна на тогашната ОНА под водство на Џезаир Шаќири.
Се работи за припадници на вооружените сили Атанас Јанев, Никола Пехчевски и Александар Стојчев кои за жал животот го загубија на овој ден пред 12 години.
Претставници на политичката партија „Достоинство“ и членови на здруженија на бранители денеска ќе го одбележат овој ден.
Ќе биде положено цвеќе пред споменикот на бранителите во паркот „Жена борец“.
ФОТО: Канал 5