И Вице да е обвинител ќе му биде непријатно кога ќе ги види доказите
Премиерот Никола Груевски на вчерашната трибина во „Борис Трајковски“ која беше масовно посетена даде одговор на условите кои лидерот на опозицијата.
-Заев бара Нов обвинител. За нас важно е обвинителот да се однесува по словото на законот. Јас сум убеден дека сегашниот обвинител тоа го прави. Инаку, такви докази има против лицето Заев, што и Вице, брат му да е обвинител ќе му биде непријатно кога ќе ги види доказите. Од друга страна, ние сме подготвени за сите работи за кои постојат сомневања, а се однесуваат на наши членови или раководни лица, да бидеме максимално кооперативни и да го почитуваме законот, рече вчера премиерот.
Груевски потенцира дека времето ќе искристализира многу работи.
-Ќе падне маглата посејана од лажните обвинувања, од драматуршките воведи на прес-конференциите и настаните на опозицијата кои даваат контекст на случувањата, ќе паднат пердувите и ќе се види целата вистина. Ние тоа го сакаме. Времето е одговор на сѐ. Во тоа сум убеден, рече премиерот.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа