16.000 евра за секое трето дете за секоја жена

 

Сандра Ангелковска е мајка на три дечиња  и за себе вели дека е најбогатиот родител на светот заедно со нејзиниот сопруг. Оља, Стефан и Виктор се нејзината најголема радост.

-Прекрасно е кога ќе станеш од сабајле и има кој да те гушне и кој да те бакне,и пред да си легнеш исто така,а и низ денот.Денот ти е буквално исполнет,немаш ни 5 минути да си речеш “Што со себе?“. Немаш време и да ги носиш на училиште,и на спортски активности,и да ги прошеташ навечер во парк, и да гледаш некој цртан со нив.Имаш време да играш некоја игра на компјутер, вели таа.

Иако потребите за децата секојдневно се зголемуваат, тоа не им создава проблем бидејќи годишно добиваат по илјада и шестотини евра помош за третото дете.

-Убаво е чувството да имаш двајца помали браќа.Исполнета сум и си играм сега на распустот.Одиме на Водно со тато,возам голем велосипед,а и Стефан исто вози велосипед како мене, вели пожртвуваната мајка за Сител.

Надоместокот важи за сите родители вработени и невработени од сите општини и населени места во земјава. Исплатата трае 10 години во вкупен износ од 16 илјади евра.

 

Извор: Сител

ФОТО: Сител

најчитано сега