Реновирано основното училиште „Кузман Шапкарев“ во Драчево

Основното училиште „Кузман Шапкарев“ во населбата Драчево е реновирано со средства од Проектот на УСАИД што се создадени услови за одвивање на наставниот процес за околу 660 ученици, јавува МИА.

Официјално завршувањето на реновирањето беше одбележано денеска во присуство на градоначалничката на Кисела Вода, Билјана Беличанец-Алексиќ, шефот на канцеларијата за меѓуармиска соработка при Амбасадата на САД, Мајор Џефри Ван Сикл и директорката на основното училиште Весна Настоска.

За реновирањето од страна на УСАИД беа обезбедени 1.200.000 денари, а општината учествуваше со 10 проценти од оваа сума. 

dracevo500

- Со овие средства, дел од училишниот објект доби нова електрична инсталација и електроопрема. Интервенциите во електричната инсталација се изведуваа по проект, за кој финансиските средства ги обезбеди училиштето. Успешната соработка на овој проект, преку бројни работилници и други активности значи и чекор напред во унапредување на образовниот процес, од аспект на вреднување на неговиот мултикултурен и мултиетнички карактер, истакна Беличанец-Алексиќ.

1dracevo500

Шефот на канцеларијата за меѓуармиска соработка при Амбасадата на САД, Мајор Џефри Ван Сикл истакна дека досега им е помогнато на 35 заедници во нивните напори да ги подобрат училишните објекти и најави дека следната година ќе им се помогне на уште 13 други.

3dracevo500

- Ние сме посветени да им помагаме на граѓаните на Република Македонија и горди сме на долготрајното партнерство меѓу Соединетите Американски Држави и Република Македонија. Вашето училиште сега има интегриран тим, обучен за концептите за меѓуетничка интеграција во образованието и вие сте воспоставиле партнерство со училиштето на албански наставен јазик ООУ “Наим Фрашери” од Студеничани, со кое ќе споделувате многубројни заеднички активности, вклучувајќи ги учениците, наставниците и родителите, истакна Ван Сикл.

4dracevo500

Директорката на училиштето нагласи дека реновирањето е стимул за да работат континуирано кон создавање на добри можности за учениците од различна етничка припадност.

Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието е четиригодишна иницијатива вредна 5.2 милиони долари, која соработува со сите релевантни образовни институции, поддржувајќи ги напорите на Владата во процесот на етничко интегрирање.

 

 

Оцени ја веста

11.03.2015 - 15:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега