Снегот направи проблеми - отсечени неколку села

Селата од Арбанашко, Длабочица, Мгленце, Малотино, Жељувино, Дренак, Цветишница во општина Старо Нагоричане се отсечени поради врнежите од снег. Како што информираат од подрачното одделение на Регионалниот центар за управување со кризи, во овие делови висината на снежната покривка изнесува 35 сантиметри.
 
Од одделение за урбанизам на општина Старо Нагоричане, пак соопштија дека на одредени места висината на снежната покривка е 50 снатиметри. Поради силниот ветер има и наноси од снег со висина од метар. Општината веќе ги презема потребните  мерките за расчистување на патниот правец, по што и екипи на ЕВН ќе излезат и ќе ги остранат дефектите  во тој реон. 
 

 

Оцени ја веста

09.03.2015 - 10:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега