ВИДЕО: Заев повторно самиот се закопа

Опозицискиот лидер Зоран Заев по којзнае кој пат повторно самиот се закопа. Во снимките кои денеска протекоа на Јутјуб, јасно се гледа како Заев директно му признава на премиерот Никола Груевски дека дури и анкетите кои се правеле по нарачка на самиот Заев, покажувале предност за Груевски и ВМРО-ДПМНЕ за 7-8 отсто или изразено во гласови, над 150.000.

zaev-e-mozokot-na-operacijata-za-prislushuvanje-235646

 

ГРУЕВСКИ: Чекај Зоран, ти правеше ли анкети пред избори?

ЗАЕВ: Правев

ГРУЕВСКИ: Што кажуваа, ајде искрено

ЗАЕВ: Дека водите

ГРУЕВСКИ: Колку водиме? 

ЗАЕВ: 7 отсто, 8 отсто

ГРУЕВСКИ: Веруваш ти во тие анкети? Што ти си ги порачал? 

ЗАЕВ: Па да

ГРУЕВСКИ: Како да ти кажам, дека атмосферата беше таква дека... победуваме ние, како да ти кажам. 

ЗАЕВ: ОК...

Оваа јасна потврда и шокантно признане на Заев недвосмислено покажува дека лидерот на опозицијата џабе обвинува и се обидува да ги манипулира граѓаните, бидејќи според негово лично признание тој бил свесен дека ги губи изборите. Заев самиот признава дека анкетите кои ги правеле покажуваат предност на Груевски од 7-8 отсто.

 

 

Оцени ја веста

07.03.2015 - 21:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега