Пронајден радиоактивен изотоп кај Фукушима
Висок процент на отровениот радиоактивен изотоп Стронциум-90 е откриен во почвата околу Фукушима во Јапонија, соопштено е денеска во Токио.
Нивото на опасниот радиоактивен изотоп е 30 пати повисоко од она што го дозволуваат законските прописи во Јапонија.
Нуклеарната централа кај Фукушима беше тешко погодена со силниот земјотрес, а потоа и со цунамито во пролета 2011 година. Подоцна оваа јапонска нуклеарка се соочуваше со низа проблеми, како истекување вода од централата и хаварии и дефекти во работењето што беше обновено. Налетот на цунамито тешко го погоди системот за ладење на нуклеарниот реактор. Од обновувањето со работа се регистрирани повеќе инциденти со истекување на вода од резервоарите со вода за ладење, или од инсталираните цевки.