Денеска е Св. Ѓорѓи Кратовски - за многу години

Денеска е Св. новомаченик Ѓорѓи Кратовски.

Во Црквата нови маченици се нарекуваат мачениците од послевизантиското време, главно од времето на турското ропство. Свети Ѓорѓи пострада во тоа време, од Турците, заради исповедање на Христос. Потекнуваше од Кратово и го имаше изучено занаетот на златарите. Како паметно, убаво и добростоечко момче, локалните Турци сакаа да го обратат во исламот, па беше принуден да побегне во Софија. Но, и тука го пресретна истата состојба. По навалувањето да го прими исламот, тој беше ставен на маки и убиен. Ова ново светило на македонската земја пострада во 1515 година.

 

 

Оцени ја веста

24.02.2015 - 16:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега