Новата „бомба“ на премиерот Груевски донесе 2.000 нови вработувања

Договор за реализирање на инвестицијата на компанијата Гентерм во индустриската развојна зона Прилеп беше потпишан денес во Владата на Република Македонија.

gentermdirekt

Компанијата ќе вработи околу 2.000 лица.

Советникот за странски инвестиции во кабинетот на премиерот Никола Груевски, Алекс Никовски, истакна дека оваа брзорастечка глобална компанија ќе отвори најсовремен погон во Прилеп, а инвестицијата е вредна 20 милиони евра.

Директорот на компанијата Генетрм за Европа, Јорг Евер, истакна дека по извршените анализи одлучиле дека Македонија е најдобар избор за нив за понатамошна изградба на нивните капацитети.

-Се одлучивме за Македонија поради достапноста на работната сила, која е мошне добро едуцирана и поради добрите инвестициони можности кои ни ги овозможи Владата. Во производствениот капацитет во Прилеп ќе произведуваме појаси, клима уреди за автомобили, кои ќе ги продаваме на европскиот пазар. Производствениот капацитет во Прилеп ќе биде отворен во октомври, посочи Евер.

Директорот на дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони, Виктор Мизо, потенцираше дека компанијата веќе работи на избирање на менаџерски тим, кој ќе биде испратен на обука во Украина, каде Гентерм веќе има свој производствен капацитет.

Компанијата Гентерм вработува околу 9.000 лица во сите свои капацитети, а производите се наменети за Ферари, Бентли, БМВ, Крајслер, Фиат и останати автомобилски компании.

Премиерот Никола Груевски уште пред повеќе од еден месец коментирајќи ги т.н. бомби на опозицијата кои се базираат на црна кампања и мателијали добиени од странски служби рече дека и Владата има свои но позитивни бомби кои ќе придонесат за подобар живот на граѓаните.

 

 

Оцени ја веста

24.02.2015 - 14:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега