Сарачини ќе презентира обуки за поддршка при вработување на младите
Министерот за економија Ваљон Сарачини денеска ќе одржи средба со новинарите во врска со обуките за поддршка при вработување на младите - стратегии за барање работа.
Целта на овие обуки, што ќе се реализираат во соработка со високообразовните институции, е стекнување практични знаења и вештини за вербална, невербална и писмена комуникација и оспособување на практикантите за полесно вклучување во новата работна средина.
МИА