Пандов: Опозицијата тргува со нашето име и идентитет - да застанеме во одбрана на татковината

Политичкиот аналитичар Александар Пандов на трибината на Граѓанското движење за одбрана на Македонија во Куманово истакна дека кумановци секогаш кога се работело за одбрана на татковината застанувале први. 

- За жал Македонија сега повторно е нападната овој пат од внатрешен непријател со силна и сериозна поддршка на странски служби, а засилено медиумски со пари на Сорос кои се дадени за ширење на таа непријателска пропаганда, рече Пандов.

Македонецот повторно е доведен во ситуација да го брани идентитетот, името, својата држава, рече Пандов на трибината во Куманово. Сите сме сведоци дека овие неколку дена, посочи тој, еден од лидерите на таа коалициска опозиција најотворено со, како што рече, платеник од грчка служба го тргува нашето име, нашиот идентитет, тргува со она што е најсвето на секој еден од нас. Според Пандов, лидерот на опозицијата Зоран Заев, пак, се обидува да внесе страв и поделба кај Македонецот. 

Порача дека и покрај обидите за поделба, ние сме Македонци и такви ќе останеме. - На првата прес - конференција првата работа што ја пласира е дека 26.000 граѓани се прислушувани. Досега слушнавме за 10-15, а само да ве постетам на истата прес - конференција тој ја намали таа бројка на 20.000, рече Пандов.

 

 

Оцени ја веста

23.02.2015 - 23:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега