Петрушевски Бинго: Бранителите од 2001 повторно ќе ја бранат Македонија од странските платеници
Доста беа делби меѓу Македонците, доста беше омраза на брат со брат која не доведуваше и меѓусебно да се истребуваме. Македонија има приоритетни цели, но не она што е секојдневие во денешниот наш политички живот, беше пораката од вечерашната трибина на Граѓанското движење за одбрана на Македонија во Куманово.
Предраг Петрушевски Бинго, бранител од Куманово се наврати на 2001 година и рече дека и тогаш имало обиди и притисоци од, како што истакна, меѓународниот фактор. И сега, според него, се внесува немир и конфузија кај Македонците.
- Пак е зима исто како 2001. Чуствуваат сила платени со пари. Сега се случува процес, сега се обидуваат да направат етнички судир не меѓуетнички туку внатрешен судир, рече Петрушевски. Тоа е најстрашно, додаде Петрушевски, посочувајќи дека долго низ историјата Македонците се убивале меѓусебе. - Денеска тие платеници што ги гледаме по Македонија се трудат да внесат немир. Ние како бранители од 2001 сме должни да дадеме подршка на сите на граѓаните, Владата, безбедносните структури, рече Петрушевски.
На Македонија, беше посочено на трибината, и е потребна здрава, патриотска, силна опозиција, како насушен леб.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа