Хрватска: Невработеноста надминала 20% од работоспособното население
Според податоците на хрватскиот Државен завод за статистика, невработеноста во земјата во текот на јануари изнесувала 20,3 проценти и била зголемена за 0,7 отсто во споредба со предходниот месец.
Како што информира хрватскиот електронски весник „Дневник“, за првпат од април минатата година невработеноста ја надмина границата од 20 %, но од друга страна нејзината големина е значително пониска во споредба со јануари минатата година, кога изнесуваше 22,3 %.
Во 2014 година најниска невработеност беше регистрирана во јули - 17,3 %.
Хрватска и натаму е меѓу земјите со највисока невработеност во Европската унија.
Според есенското истражување на „Евробарометар“, невработеноста е најголемата грижа за 66 отсто од анкетираните Хрвати.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа