Градоначалници од Македонија на регионална средба во Турција
Градоначалници од неколку македонски општини, меѓу кои и дебарскиот Ружди Љата деновиве учествуваат на Регионалната средба на Меѓународниот центар на локалните самоуправи во организација на Светската лига на турските општини, со поддршка на Турската агенција за соработка и развој- ТИКА.
Регионалната средба, како што информираат од Општина Дебар, се одржува до 28 февруари, а главни теми се менаџирање на отпад и негово рециклирање, како и зголемување на капацитетите за отворање нови работни места.
Освен градоначалници од Република Турција и Република Македонија, на оваа регионална средба учествуваат и нивни колеги од Босна и Херцеговина, Црна Гора, Бугарија и Косово.
На маргините на собирот предвидени се мултилатерални и билатерални средби на градоначалниците на општини од Турција и другите балкански земји.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа