Ачковска: Да ја сочуваме Македонија од сите надворешни посегања кои прават обид за дестабилизација

 

По трибините во Штип, Велес, Битола Граѓанското движење за одбрана на Македонија вечерва ќе одржи трибина во Куманово.

Професорката Виолета Ачковска која е една од основачите за ГДОМ во вестите на Канал 5 истакна дека сите проблеми внатрешни во државата треба да се решаваат во рамки на институциите.

 

-Опозицијата треба да се врати во парламентот и во негови рамки да води дијалог и да се решаваат сите внатрешни македонски проблеми. Погубно е некој од надвор да повикуваме и да ги решава нашите проблеми, бидејќи со тоа покажуваме дека ние како народ немаме државотворност. Бараме конечно македонскиот народ да постигне единство и консензус за главните национални приоритети, тоа е името и идентитетот кои не смеат да се продаваат така лесно, вели Ачковска.

Таа истакна дека од вечерва се воведува новина во трибините, настап на актерот Петре Темелковски со еден инсерт од неговата монодрама посветена на Јане Сандански, кој е една од македонските историски личности кој, како што рече Ачковска, најмногу се залагаше за самостојност на македонското дело.

-Ние сега треба да ја сочуваме Македонија од сите надворешни посегања кои прават обид да ја дестабилизираат нашата држава. Тоа е нашата основна порака, додава професроката.

Ачковска вели дека граѓаните масовно пристапуваат кон движењето бидејќи, како што посочи сите ја сфатиле пораката дека е потребно единство.

 

Во Граѓанското движење за одбрана на Македонија членуваат историчари, научници, професори, новинари, глумци и други интелектуалци. 

 

 

Оцени ја веста

23.02.2015 - 19:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега