ЕКСКЛУЗИВНО: Нови видеа на кои се гледа како Љубе Бошкоски зема пари за промена на името на Македонија

Нови ексклузивни видео снимки се појавија на интернет каналот „YouTube“, на кои се докажуваат кривичните дела кои ги има направено Љубе Бошкоски за земање на пари за нелегално финансирање на кампањата за изборите во 2011 година.

Од видеата се гледа дека уште во два наврати, на две различни локации, лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски од посредникот кој зборува македонски со изразит грчки нагласок, повторно зема значителна сума на евра во готовина, пари со кои вели дека ја финансира кампањата, за организирање митинзи, плаќање на автобуси и слично…пред два дена во видеата кои беа објавени Бошкоски земаше пари кои како што кажа му биле наменети за плаќање на реклами.

Она што е скандалозно и згрозувачки во овие видеа е дека Љубе Бошкоски повторно му потврдува на посредникот од кој ја добива готовината во еврата, дека за возврат на парите кои ги добива е подготвен на промена на името на државата.

Бошкоски повторно му се фали на посредникот дека го манипулира народот, односно дека „ПРАВИ ФИНТИ“ лажејќи ги граѓаните дека тој се залага за уставното име, но како што вели кога ќе паднел Никола Груевски тој со пријателска и братска Грција ќе го променел името односно ќе го решел ова прашање.

Љубе Бошкоски:

Јас им викам не го менувам уставното име, ама верувам кога ќе падне институционалниот поредок наречен Никола Груевски дека со нашата братска пријателска Грција ќе седнеме ќе разговараме. ПРАВАМ ФИНТА ме разбираш. Тие ни се пријатели. Ја мислам дека нашите пријатели ќе ни помогнат да го решиме ова прашење.

 

 

 

 

 

Оцени ја веста

23.02.2015 - 13:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега