Тројца пешаци тешко повредени - хаос на скопските улици

Во текот на изминатите 24 часа на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 13 сообраќајна незгоди, од кои девет се со последица материјална штета и три се со последица телесни повреди во кои со полесни повреди се здобиле тројца возачи на патничко моторно возило и тројца пешаци.

Се случила и една незгода со последица тешка телесна повреда во која тешки телесни повреди се здобил еден возач на мотоцикл.

Денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје ќе одржи едукативни работилници во основните училишта „Васил Главинов“ и „Рајко Жинзифов“ кои се наоѓаат на територијата на општина Чаир со учениците од второ одделение.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

 

 

Оцени ја веста

20.02.2015 - 09:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега