Кој е лажниот Прометеј на забавата на шведскиот амбасадор?
Човекот кој пред неколку дена имаше обврска за време на прошталната забава на Шведскиот амбасадор во Македонија да го глуми Прометеј облечен во пелени и со шише „Скопско“ во раката е од ромска националност, пишува порталот Курир.
Припадникот на ромската заедница, пренесува Курир, добил задача да ја спроведе желбата на амбасадорот Ларс Вахлундс и да биде „Прометеј“. Оваа шега длабоко ги повреди чувствата на македонскиот народ и предизвика бурни реакции во јавноста.
Според информациите кои ги објавија дел од медиумите, лажниот Прометеј не знаел дека ваквата шега може да ја налути јавноста, па размислувал да го тужи Вахлундс за мобинг.
Според информации на Курир, станува збор за припадник на ромската заедница, кој добил задача да ја спроведе желбата на шведскиот амбасадор Ларс Вахлундс, со која тој длабоко ги навреди чувствата на македонскиот народ. Курир објавува дека амбасадорот го изманипулирал лажниот Прометеј, ветувајќи му дека се работи за интерна забава за која јавноста нема да дознае. Сепак, Амбасадата на крајот дозволила да се објави фотографија од човекот. Сеуште не е познато колку заработил лажниот Прометеј за неговата улога.
Вахлунд сеуште не го искоментира скандалот кој што беше остро критикуван од јавноста и здружението Бедем, од каде во име на сите македонските бранители побараа амбасадоро јавно да се извини за навредливо однесување кон Македонија.