Албански мафијаш открива кој го извршил атентатот врз Киро Глигоров

 

Атентатот на Претседателот Киро Глигоров во 1995та го извршиле луѓе блиски до тогашниот албански претседател Сали Бериша, открива Албанскиот мафијаш Изет Хаџија, во изјава за Албанскиот весник Дита.

Освен нарачател, според неговите тврдења, Бериша бил и заштитник на атентаторите кои во 1997ма побегнале во Албанија и биле заштитени од албанските служби.

 “Бериша со атентатот над Глигоров сакаше да постигне свои политички цели. Луѓето кои ја поставија бомбата и со неа се обидоа да извршат атентат беа припадници на тогашните албански служби и полиција“, изјави Хаџија за албанскиот весник.

,,Атентатот на Глигоров до ден денес останува мистерија. И покрај изјавите на тогашните власти дека обидот за ликвидација на сега веќе покојниот Претседател, ќе се разреши во најскоро време, Македонската јавност и по неколкуте истраги не ја дозна вистината и овој случај се уште не е заклучен.‘‘

Изет Хаџија  во периодот кога се случил атентатот  важел за близок на Бериша, а истовремено бил и бодигард на неговите најблиски соработници. Во моментов се наоѓа во бегство во Турција, каде се обидува да ја избегне казната за неколку убиства за кои е гонет од Албанските власти.

Во серија интервјуа за Дита, тој ги објавува најстрого чуваните тајни на Сали Бериша и албанското подземје.

 

 

Оцени ја веста

16.02.2015 - 21:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега