Уриваме рекорди: Во банките чуваме речиси 10 милијарди евра

 

Вкупните депозити во македонските банки во декември достигнаа 600,3 милијарди денари (околу 9,7 милијарди евра)и раст на годишно ниво од 12,4 проценти, покажуваат новите податоци на Народната банка, пишува Блумберг Адриа.

„Месечната и годишната промена е резултат на растот на кредитирањето кај двата сектора, со поизразен придонес на корпоративниот сектор“, информираат од Народната банка.

Оттаму објаснуваат дека растот во поголем дел се должина зголемувањето на депозитите на „домаќинствата“, при раст и на депозитите на корпоративниот сектор. Од друга страна, состојбата на вкупните кредити во последниот месец од минатата година изнесува 494,4 милијарди денари (околу осум милијарди евра), што е годишно зголемување од 11,2 проценти.

Во декември, вкупните депозити на корпоративниот сектор се зголемени за 8,7 проценти на месечно ниво. Притоа, промената пред сè произлегува од растот на краткорочните депозити во странска валута и на депозитните пари, при помал раст и на краткорочните и на долгорочните депозити во денари, додека долгорочните депозити во странска валута остварија пад.

„Анализирано на годишна основа, овие депозити бележат раст од 9,2 проценти, којшто се должи на зголемувањето на сите компоненти, со поголемо учество на депозитните пари и на краткорочните депозити во странска валута и во денари, при раст и на долгорочните депозити во денари и во странска валута“, наведуваат од Народната банка.

Од друга страна, кредитите на корпоративниот сектор овој месец остварија месечен раст од 4,4 проценти, којшто во поголем дел е резултат на повисоките кредити во денари, при помал раст и на кредитите во странска валута.

22.01.2025 - 19:43

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега