Анкета: Американците ја гледаат Русија како најголем непријател

 

Американците сметаат дека Русија моментно е најголем непријател на САД, се вели во резултати од анкета на Галуп.

Осумнаесет отсто анкетирани Американци сметаат дека Русија е најголем непријател на САД што е за два отсто повеќе отколку во изминатите неколку години.

По Русија, 15 отсто гласале за Северна Кореја, 12 отсто за Кина, девет за Иран и осум отсто за Ирак. Руската воена моќ како критична закана за САД ја гледаат 49 отсто испитаници, во однос на 32 отсто лани. Пред три години кон Русија ставот беше повеќе позитивен отколку негативен. Сега тој процент е 24 отсто, додека 70 отсто анкетирани имаат негативен став спрема Русија.

Анкетата е извршена во периодот 8-11 февруари врз 837 луѓе.

 

 

Оцени ја веста

16.02.2015 - 17:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега