Утрово најниската температура минус девет - кој е најстуден град?

 

Времето во Македонија утрово е сончево и студено, на повисоките места со слаб ветер од променлив правец, по одделни котлини со утринска слаба магла.

Според УХМР, во 7 часот се измерени минусни температури, најниска од - 9 во Маврово, -7 во Берово, -6 во Лазарополе, -5 во Скопје (Петровец) и во Крива Паланка, -4  во Куманово, Битола, Тетово, Крушево и Претор, -3 во Скопје (Зајчев Рид) Демир Капија, Гевгелија, Прилеп, Дебар и во Струмица, -2 во Кавадарци и Охрид, -1 во Штип и Виница и  0 степени во Дојран.

Во седум часот во Маврови Анови е измерена снежна покривка од 49 сантиметри, 35 см во Лазарополе и 22 во Крушево.

УХМР за денес најави претежно сончево со слаба утринска магла по некои котлини. Ќе дува слаб ветер од источен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 13 степени.

 

 

Оцени ја веста

16.02.2015 - 09:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега