Заедничка седница на македонската и српската влада

 

Владата на Република Македонија и Владата на Република Србија утре  ќе одржат заедничка владина седница.

gruevski-vucik-utre

 

Во 10: 20 часот е предвидено пристигнување на делегацијата на српската влада и церемонија со протоколарен пречек на платото пред зградата на Владата на Република Македонија.

Потоа претседателот на македонската Влада Никола Груевски и неговиот српски колега Александар Вучиќ ќе одржат тет-а-тет средба во 10:30 часот. Во истиот период ќе има и поединечни средби на ресорните министри од двете влади.

Заедничката владина седница ќе започне во 11:30 часот.

По средбата ќе бидат потпишани договори меѓу меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Србија.

Груевски и Вучиќ ќе одржат и заедничка прес-конференција за македонските медиуми.

 

 

Оцени ја веста

15.02.2015 - 21:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега