Од горештините нема спас - топлотен бран на Балканот

 

Според прогнози на метеоролози од хидрометеоролошки центри во балкански држави, топлотниот бран што го погоди Балканот ќе се задржи во следните 4-5 дена. 

Од хидрометеоролошкиот завод во БиХ велат дека утринските температури нема да бидат под 15 степени Целзиусови.

- Во осум часот ќе биде и преку 20 степени. Дневните ќе бидат меѓу 31 и 37 степени целзиусови до сабота. Тоа е исклучително висока температура во овој дел од годината. В четврток и петок првите утрински температури ќе бидат и преку 20 степени, вели за Анадолија, Дамир Шантиќ од Федералниот хидрометеоролошки завод на БиХ.

И во Црна Гора се очекува сончево време додека на север во државата во утринските часови се очекува магла, а попладне краткотрајна нестабилност. Температурата на морето денеска ќе биде над 20 степени Целзиусови.

Врнежи во Србија се очекуваат в сабота, а дотогаш утринските температури ќе бидат над 20 степени, додека максималните дневни - над 36 степени.

Државниот хидрометеоролошки завод на Хрватска соопшти дека од утре државата ќе ја погоди топлотен бран со температури над 35 степени. Во текот на ноќта нема да бидат под 20 степени Целзиусови.

За време на горештините, лекарите ги советуваа своите граѓани во тие балкански држави да не излегуваат без потреба во периодот од 10 до 17 часот, хроничните да земаат редовно терапија, како и обврзно носење вода со себе доколку мора да се излезе надвор во тој период. Им се препорачува да не оставаат деца во паркирани автомобили, избегнување напорна физичка работа, радовно и доволно примање течности, избегнување алкохол и напитоци со премногу кофеин и шеќер, како и носење заштитни очила и соодветна облека. 

ФОТО: Хитпортал 

најчитано сега