3D симулација на летот на Кингерот во кој загина претседателот Борис Трајковски
На тема „Истрага за несреќата на вoздухопловот KingAir B200 Z3-BAB, 2004 – 2014“ денеска ќе се одржи интерактивна работилница, на која ќе се говори и за компаративната анализа на спроведените истраги и донесените Завршни извештаи во 2004 и во 2014 година.
Првпат ќе биде презентирана 3D симулација на траекторијата на летот на Z3-BAB.
Како што е најавено, ќе се презентира и Нацрт и Завршниот извештај од истрагата на несреќата, спроведена во 2004-та година.
На работилницата ќе се дискутира и за степенот на влијание на индиректните причини за несреќата, во предизвикувањето на директната причина за несреќата на воздухопловот KingAir B200 сп рег. бр. Z3-BAB, а ќе биде дадено стручно мислење во врска со нацрт извештајот од повторно спроведената истрага за несреќата, од страна на акредитираните претставници на Република Македонија во Комисијата за повторената истрага (Презентација на стручните анализи, експертизи и мислења на независни воздухопловни експерти).
На интерактивната работилница со стручни експертизи, анализа и мислења ќе презентираат повеќе воздухопловни експерти пд Република Македонија, Босна и Херцеговина и Србија.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа