Швајнштајгер го напушта Баерн?

Капитенот на германската репрезентација и долгогодишен првотимец на Баерн Бастијан Швајнштајгер во својата автобиографија откри дека наскоро би можел да го напушти тимот од Баварија.

Како што се наведува во автобиографијата на 30-годишниот играч, која наскоро ќе биде објавена, тој ги исполнил сите спортски цели во Баерн и потребен му е нов предизвик.

За неговите услуги се заинтересирани Челзи, Манчестер Јунајтед и ПСЖ, но се чини дека најголеми шанси за неговиот потпис имаат „Црвените ѓаволи“ бидејќи менаџерот Луј ван Гал имал големо влијаније во развојот на неговата кариера од времето кога соработуваа во Баерн.

Актуелниот договор на Швајнштајгер со Баерн Минхен му истекува идното лето.

 

 

Оцени ја веста

11.02.2015 - 13:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега