Калиопи се подготвува за возбудлива пролет
Деновиве нешто ново и возбудливо се подготвува кај Калиопи и останува многу малку да дознаеме за што точно се работи.
Имено таа очекува деновиве од Швајцарија да допатува Ромео Грил, нејзиниот поранешен сопруг и соработник, со кој се подготвуваат нови песни. Дали Калиопи ќе го задржи трендот на последниот албум да продолжи да пее на српски, или сега ќе сними песни на македонски јазик се уште не се открива. Уште пред година дена имаше најави за две нови песни на македонски, кои можеби ќе имаме прилика да ги слушнеме токму во нареднава пролет.
Калиопи Букле и Ромео Грил ја обновија меѓусебната соработка со реализацијата на евровизиската песна „Црно и бело“ и албумот „Мелем“ кој се појави пред цели две години. Овој албум ја сублимираше севкупната енергија и инспирација која во нив тлее сиве овие изминати години, а со овие два проекти тие беа во се во иста приказна за прв пат по 1999-та година, кога беше објавен антологискиот „Обои ме“
Извор: Вистина
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа