Сами почнаа да се демантираат: Уште еден доказ за фабрикуваното новинарство на Заев, Кабранов и медиумите на СОРОС

Опозициските портали достигнувајќи го врвот на манипулациите, почнаа самите да се демантираат. Овој последен пример претставува класичен доказ за фабрикуваното новинарство на лидерот на СДСМ Зоран Заев, неговиот новинарски послушник Ацо Кабранов и останатите опозициски медиуми кои се под финансиска капа на Соросовата фондација.

Порталот Либертас на Ацо Кабранов вчера попладне објави две крајно контрадикторни вести, преку кои верувале или не самиот се демантираше. Либертас најпрво во 19 часот објави за посетата на министерот за финансии Зоран Ставрески на Лондон, пренесувајќи ја неговата изјава дека “Финансиските зони се интересни за Британците“.

Во истата вест, во поднасловот, беше објавено дека „Заменик претседателот на Владата и министер за финансии Зоран Ставрески вчера и денеска одржа повеќе средби со претставници на бизнис заедницата во Лондон“.

Само неколку часа подоцна, Либертас излезе со манипулативен текст „Јанкулоска натажена, Ставрески налутен на владината седница по обелоденувањето на аферата со прислушкувањето“, пишувајќи дека „премиерот Груевски вчера во попладневните часови свикал седница со министрите од неговиот кабинет“.

Со ова, Либертас и Ацо Кабранов сами се демантираа. Опозицискиот портал сам се фати во својата лага, бидејќи заборави дека само неколку часа пред да го објави манипулативниот текст за Ставрески и Јанкулоска, пишуваше дека министерот за финансии е во Лондон, што значи дека пишувања за наводната владина седница на која што Ставрески бил налутен не е ништо друго, туку само чиста измислица на Кабранов, бидејќи Ставрески воопшто и не бил во земјава тој ден (понеделникот), како што и сам пишува Либертас. 

Опозициските медиуми во своите манипулации почнаа самите да се демантираат. Ова претставува уште еден доказ за фабрикуваното новинарство на опозицијата предводена од Зоран Заев, на Ацо Кабранов и на останатите медиуми на СОРОС кои веднаш по стариот добар принцип ја презедоа веста, повикувајќи се на објавата на Либертас. 

КУРИР

 

 

Оцени ја веста

11.02.2015 - 10:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега