НОВИ ДЕТАЛИ: Еве каква е состојбата на Ракометарката Мечевска

Македонската ракометна репрезентативка Робертина Мечевска има тешки сериозни повреди од животно загрозувачки карактер и се наоѓа на Oдделението за анестезија, реанимација и интензивно лекување при Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и Ургентен центар (ТОАРИЛУЦ).

Ова денеска за МИА го изјавија од ТОАРИЛУЦ кои посочија дека и покрај извршениот оперативен зафат во кој слезината е санирана, Мечевска има сериозни повреди на ’рбетот и ребрата и е во тешка состојба.

- Оперативниот зафат на слезината е еден дел којшто е саниран од многуте повреди што ги има пациентот. Значи, таа има многу повреди од коишто една била како итна повреда поради која што мораше да се внесе во сала и да се направи оперативна интервенција и по тој дел е добра. Меѓутоа, останатите повреди кои ги има се сериозни, потенцираат од ТОАРИЛУЦ.

Оттаму наведуваат дека продолжува лекувањето на Мечевска, има конзилиум, се договараат, а дали ќе има и други интервенции зависи од мислењето на лекарите.

Робертина Мечевска вчера се здоби со тешки повреди по пад од петтиот спрат од својот стан.

 

 

Оцени ја веста

11.02.2015 - 10:23
Фото: 
екипа

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега