Македонија по втор пат ја победи Грузија

Македонската футсал репрезентација ја оствари втората победа во пријателскиот двомеч против Грузија. Во СЦ „Јане Сандански" вчеравечер избраниците на селекторот Васко Скендеровски славеа со 2:1.

Дарко Ранготов во 27. минута ја доведе Македонија во водство, изедначи Алтунашвили во 36.минута, а три минути подоцна Зоран Левески го постигна конечниот резултат.

Во првиот контролен натпревар одигран во понеделникот беше 9:4 за „црвено-жолтите“.

Овие средби беа дел од подготовките за мартовските квалификации за ЕП 2015. Пласманот на Европското првенство Македонија ќе го бара на турнирот во Скопје. Во групата ривали на нашите репрезентативци се Унгарија, Швајцарија и Шпанија.

 

 

Оцени ја веста

11.02.2015 - 09:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега