Да бидеме хумани, сега сме најпотребни: Донирајте вода, лекови и храна за поплавените подрачја

Обилните врнежи што ја зафатија нашата држава во изминатиов период доведоа до излевање на реките од речните корита при што беа предизвикани бројни последици на инфраструктурата, земјоделските посеви и домовите на жителите во повеќе региони во Македонија.

За таа цел „Уметност на живеење Македонија", организира хуманитарна акција во период од 9 до 14 февруари. Сите кои сакаат да донираат ќе може да го посетат пунктот поставен во !Супер Тинекс" во Зебра, во период од 11 до 20 часот.

-Ги повикуваме граѓаните да излезат што помасовно во оваа акција и да ја покажат својата хуманост кон своите сограѓани.  Според информациите од институциите најпотребни се вода за пиење, дезинфекциони и хигиенски средства, лекови, храна, облека, покуќнина, ќебиња, ..... Собраната помош „Уметност на живеење Македонија" со своите волонтери ќе ја дистрибуира дирекно до погодените домаќинства, велат организаторите.

"Секој од нас чувствува дека она што го прави е само една капка во океанот. Но ако не правиме ништо, океанот ќе биде посиромашен за таа една капка" – Мајка Тереза.

 

 

Оцени ја веста

11.02.2015 - 09:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега