Арсовска-Томовска работно во Њујорк

Заменик министерот за информатичко општество и администрација Марта Арсовска - Томовска денеска и утре ќе учествува на првиот Светски инаугуративен форум за развој и здравје на жените, во Њујорк.

МИОА соопшти дека Арсовска - Томовска ќе има обраќање на третата пленарна сесија на темата „Животен стил, медиуми и здравјето на жената“. Предвидено е да има и билатерални средби со свои колеги од светот, со кои ќе размени мислења и искуства во рамките на темата на форумот.

На отворањето на Светскиот форум, како што е наведено, ќе се обрати генералниот секретар на ООН, Бан Ки Мун. Форумот се одржува во седиштето на Обединетите Нации во организација на Меѓународната научна фондација при Кралската академија на Велика Британија и Одделот за економски и социјални работи на ОН. 

 

 

Оцени ја веста

11.02.2015 - 09:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега