Котески ќе му реферира на Иванов за борбената готовност на АРМ
Началникот на Генералштабот на Армијата на Република Македонија (АРМ) генерал-потполковник Горанчо Котески денеска во Домот на АРМ во Скопје, ќе реферира за борбената готовност на АРМ во 2014 година пред претседателот на Република Македонија и Врховен командант на Вооружените сили Ѓорге Иванов.
Претседателот Иванов ќе биде информиран за задачите и степенот на нивната реализација во земјата и странство од страна на АРМ. Во насока на јакнење на борбената готовност на единиците на АРМ во 2015 година, соопшти МО, ќе бидат изнесени приоритети и предлог мерки.
Како што е најавено, на реферирањето ќе присуствуваат министерот за одбрана Зоран Јолевски, претседателот на собраниската Комисија за одбрана и безбедност Емил Димитриев, истакнати раководители во Министерството за одбрана и ГШ на АРМ и командантите на потчинетите команди и единици во АРМ.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа