Карлеуша примала инфузија и инекции за смирување по катастрофата на концертот

 

Српската дива Јелена Карлеуша после концертот примала инфузија и инекции за смирување, а го откажала и бесплатниот концерт кој го најави.

Според информациите од српските медиуми веднаш штом завршил концертот Карлеуша бесна, нервозна и разочарана истрчала зад сцена, а половина час после тоа примила инфузија и инекции за смирување. 

“Јелена беше скршена. Не спиеше неколку ноќи. Едвај успеа да застане на нозе па дури и плачеше. Два месеци секојдневно го снимаше видео материјалот кој поради технички проблеми не се прикажа пред публиката“, вели изворот.

најчитано сега