Ракометна репрезентативка на Македонија од ЖРК Вардар се бори за живот

 

Македонската репрезентативка Робертина Мечевска попладнево паднала од петти спрат, па во моментов се бори за живот во Ургентниот Центар во Скопје, пренесува Сител. Долгогодишната членка на нашиот национален тим не се појавила на денешниот тренинг на „вардарки“, кој бил прекинат веднаш штом се дознало што всушност се случило со Мечевска.

Трагичниот настан се случил пред нејзиниот стан во скопската населба Аеродром  од каде Мечевска веднаш била пренесена во Ургентниот Центар во Скопје. Барем засега не се познати околностите под кои се случила оваа несакана случка.

Робертина Мечевска во кариерата има настапувано за неколку македонски екипи, а од минатиот месец стана членка на ЖРК Вардар во обид да помогне тимот да стигне до европската круна.

 

 

 

Оцени ја веста

10.02.2015 - 19:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега