Ставрески во Лондон: Британците заинтересирани за финансиската зона

Заменик претседателот на Владата и министер за финансии Зоран Ставрески вчера и денеска одржа повеќе средби со претставници на бизнис заедницата во Лондон.

На одржаните средби вицепремиерот Ставрески ги запознал стопанствениците со условите за водење бизнис и поволноста на бизнис климата во Македонија.

На досегашните состаноци најголем интерес е покажан за секторите прехрамбена и автомобилска индустрија.

Особен интерес лондонската бизнис заедница покажала за македонската финансиска зона, погодностите кои ќе ги нуди за меѓународните финансиски компании и за условите за инвестирање во зоната.

 

 

Оцени ја веста

10.02.2015 - 18:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега