Собранието утре ќе се изјасни за законите за редовно вработување, за хонорарите и образованието

Собранието на Република Македонија попладнево, во рамки на 36. седница, одлучи по скратена постапка да ги донесе законите за трансформација во редовен работен однос, за изменување на Законот за високото образование и за придонеси од задолжително социјално осигурување.

По скратена постапка треба да бидат донесени и закоите за Академијата за судии и јавни обвинители, за изменување и дополнување на Законот за Судскиот совет на Република Македонија, за Советот за утврдување факти и покренување постапка за утврдување одговорност на судија, за изменување на Законот за високообразовните установи за образование на наставен кадар во предучилишното воспитание, основното и средното образование, за изменување на Законот за работните односи, за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, како и за изменување на Законот за здравственото осигурување.

Како што рече претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, утре најпрво ќе заседаваат матичните и законодавно-правната комисија, по што ќе продолжи и 36. седница на која треба да бидат изгласани законите.

 

 

Оцени ја веста

10.02.2015 - 17:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега