17.000 хектари под вода - каква е состојбата во Пелагонија?

Се смирува ситуацијата со поплавите во Пелагонија, констатира општинскиот кризен штаб на денешниот состанок. Според проценките од терен, околу 17.000 хектари се под вода од кои 9.500 хектари во Могила, 4.500 хектари во Битола и 3.000 хектари во Новаци.
 
Во координација со Државниот кризен штаб е одлучено, општините кои досега не составиле комисии за проценка на штетите, тоа веднаш да го сторат. 
 
Меѓу активностите што итно треба да се реализираат се и лоцирање на местата каде треба да се изврши дезинфекција, дезинсекција и дератизација, како и изготвување заеднички документ од Пелагонискиот регион  до Министерството за животна средина  за санација и чистење на речните корита.
 
Во наредниот период Кризениот штаб ќе се свикува по потреба. 
 

 

Оцени ја веста

10.02.2015 - 16:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега