Секој вторник и четврток логопеди ќе третираат деца во пет поликлиники во Скопје

Здравствениот дом Скопје и Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас во координација со Министерството за здравство го започнаа проектот „Дисперзиран логопед“. Секој вторник и четврток во пет поликлиники во градот ќе бидат давани логопедски услуги. 

Директорката на Здравствениот дом Скопје Татјана Баевска-Вучковиќ истакна дека новиот проект ќе се реализира во поликлиниките во Ѓорче Петров, Чаир, Ченто, Јане Сандански и „Букурешт“, каде секој вторник и четврток од 8 до 16 часот ќе има логопед кој ќе дава соодветни услуги. 

- Целта на овој проект е матичните доктори преку националниот систем „Мој термин“ да ги упатуваат децата во Заводот за слух и говор, каде што со соодветни дијагностички процедури ќе се дојде до соодветна дијагноза, терапија и соодветна препорака за понатамошен логопетски третман кај децата. Целта со овие дисперзирани пунктови е едноставно третманот да го доближиме до децата според местото на живеење. Здравствен дом Скопје ги обезбедува просториите, а кадарот е од Заводот за слух и говор, истакна Бавеска-Вучковиќ. 

Директорка на Завод за рехаблитација за слух, говор и глас - Скопје - Живка Јордановска рече дека на овој начин не се заштедува само на време од страна на родителите туку тие ќа заштедат и финансиски. 

- На овој начин заштедуваме не само во време, туку и во финансии на родителите, бидејќи се должни да платат превоз до нашата установа која е доста оддалечена од приградските населби. Ги пративме најврвните логопеди да не претставуваат и доколку има потреба ние ќе излеземе во пресрет со дополнување на логопетски услуги односно на логопеди, рече Јордановска.  

Поликлиниката „Букурешт“ каде што веќе почнаа да се даваат логопедки услуги денеска ја посети и министерот за здравство Никола Тодоров. 

 

 

Оцени ја веста

10.02.2015 - 15:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега