Пристигна помош за поплавените во Куманово и Свети Николе

Во текот на денешниот ден Црвен крст на Република Македонија изврши дистрибуција на хуманитарна помош во Свети Николе каде доставени се 20 пакети со прехрамбени продукти, 20 пакети со средства за хигиена, 60 ќебиња, 20 гумени чизми и 18 тони вода за пиење.

Во Куманово пристигната е хуманитарна помош од две тони вода за пиење и 10 душеци.

Црвениот крст ги посетил и семејствата кои се погодени од синоќешниот пожар кој изби во куќи во велешката месност Дворови и доделена им е хуманитарна помош од 8 пакети со прехрамбени продукти, 8 пакети со средства за хигиена, 20 ќебиња и 16 душеци.

Преку мобилните телефони од T-mobile, One, VIP 070/075/077 143 400 заклучно со 10.02.2015 година обезбедени се вкупно 8.561.900 денари, а на сметката на  Фондот на солидарност се собрани 1.104 707денари.

 

 

Оцени ја веста

10.02.2015 - 15:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега