Пензионерите во Кочани заинтересирани за бесплатна бањско-климатска рекреација

На објавениот повик за користење на услугите за бесплатен туристички викенд и бањско- климатска рекреација, регистриран зголемен интерес кај пензионерите од Кочанско.
 
- Во Подрачната едница на фондот за пензиско и инвалидско осигурување во Кочани до денеска се поднесени 650 пријави за користење бесплатен туристички викенд и бањско- климатска рекреација. Сепак поголем е интересот за бањско климатска рекреација. Нивниот број очекуваме да се зголеми, изјави за МИА, Мима Арсова, раководител на Подрачната единица на фондот за пензиско и инвалидско осигурување во Кочани.
 
Од воспоставувањето на услугата бањско-климатска рекреација од Кочани оваа услуга ја ископристиле 2.500 пензионери. 
 

 

Оцени ја веста

10.02.2015 - 14:23
Фото: 
вечер

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега